ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Град Скопје
Шилегов откако стана градоначалник ништо ме стори за Град Скопје. За ова обвинија денеска од ВМРо-ДПМНЕ.
- Ветуваше живот за Скопјани но добија само смет по улици и казни. Наместо зеленило за Скопје тој ги сече кришум дрвјата по Општина Аеродром. Шилегов можеби е добар за неговиот шеф Зоран Заев, но за Скопје не е. Единствено достигнување на Шилегов е промоција ма автобуска постојка и рекламирање како вози тротинет, велат од таму.
Според опозицијата, за овие скоро две години Шилегов само докажал дека нема капацитет да биде татко на Град на Скопје.
27.07.2019 - 12:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа