СДСМ: Со нас растат платите и пензиите - ВМРО тоне
Дали дезинформаторот Антонио Милошоски сменил професија, па се вработил да штанца текстови во Центарот за дезинформации на ВМРО-ДПМНЕ? Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ стана дезинформ биро. Ова денеска го целат СДСМ.
- Додека ВМРО-ДПМНЕ тоне, официјални податоци покажуваат дека економијата расте. За две години отворени се 49.000 работни места, а невработеноста опадна на историски најниско ниво од 17,8 отсто, растат платите и пензиите, а рекорден раст од 260 отсто бележат странските инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ тоне во лажни вести додека над 3.100 вработени во градинките и над 1.700 вработени со секторот социјална заштита добиваат поголеми плати за над 3.000, односно за над 4.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ тоне додека кај секој граѓанин државата враќа 15 отсто од платеното ДДВ, велат од СДСМ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува осамена во дејствувањето против интересите на граѓаните и државата, додаваат од партијата.
28.07.2019 - 15:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа