На годишнината од заминувањето на Оливер Драгојевиќ неговата сопруга со потресна исповед

 

Денеска се навршува една година од смртта на хрватскиот легендарен пејач Оливер Драгојевиќ.

Денеска по тој повод ќе се одржи концерт во неговиот роден град Велој Луци именуван според неговата песна „Траг во бескрај“ на кој ќе присуствува и неговото семејство иако нема сила за тоа, особено неговата сопруга Весна.

-Ќе биде тоа тажно дружење за семејството една година откако не напушти пејачот. Најтешко ќе им биде на сопругата Весна, синовите Дино, Давор и Дамир, како и на нивните внуци, дури шест на број, а најмалиот Марко се роди само месец дена по неговата смрт, велат организаторите на концертот.

Неговата сопруга за хрватските медиуми вели дека не знае како ќе собере сили за да присуствува денеска на овој симболичен настан.

-Сите сме веќе тука, ќе присуствуваме. Иако јас се би прескокнала. Лошо ми е, сѐ ме потсетува на него. Би сакала тој ден да сум во некоја глувчешка дупка. Но не можам да побегнам, луѓето го доживуваат за свој, а нивен беше колку што беше и нас. Не знам како ќе издржам, ќе се видам и со некои луѓе со кои се немам видено со години. Сепак, драго ми е што концертот ќе биде традиција и ќе заживее и следните години, заклучува Весна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2019 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега