ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се иселуваат додека Заев не убедува дека блескаме

 

СДСМ залудно се мачи да ги убеди граѓаните дека економијата во земјава блеска. СДСМ откако дојде на власт единствено македонската економија ја турна на колена. Граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики на Заев. Ова го велат ВМРО-ДПМНЕ денеска по прес-конференцијата на Хари Локвенец кој ги пофали владините политики.

- Над 500.000 граѓани живеат во беда. Околу 18.500 граѓани си заминале од Македонија, од кои околу 8.000 не се вратиле. Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%. Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, граѓаните од Заев добиле покачена акциза за нафта, поскапо гориво и нула капитални инвестиции.

- Сето ова е доволно за распишување на предвремени парламентарни избори и да се каже збогум на Заев и неговата криминална банда, велат од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2019 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега