Делегација од Германија во посета на Македонија

 

Делегација од Германија престојуваше во дводневна посета на Македонија. Делегацијата предводена од д-р Улрике Волф, раководител на одделoт за надворешна економија и маркетинг при Сојузното министерство за економија, инфраструктура, сообраќај и технологија на Баварија и Маркус Лотч, извршен директор  на Стопанската комора во Нинберг,  ја посетија Технолошката индустриска развојна зона Скопје 1 во Бунарџик.

Можностите за инвестирање во земјава пред потенцијалните инвеститори ги претсави  вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, а свое обраќање имаше и министерот за странски инвестиции, Бил Павлевски.

- Баварија е една од шеснаесте германски покраини, која не само што е најголема по својата површина, туку е и економски најмоќна, со извозен рекорд минатата година од 166 милјарди евра, изјави д-р Волф.

- Македонија и Баварија традиционално негуваат посебни економски односи. Минатата година размента изнесуваше 675 милиони евра. По одржаните деловни средби помеѓу германските и македонските стопанственици се надеваме дека овој размената ќе се зголеми, изјави Мартин Кнап,  директор на Претставништвото на стопанска комора на Германија во Македонија.

08.10.2013 - 16:07

најчитано сега