Милошоски до Рускоска: Слушнете внимателно кој е главниот во „Рекет“
Со дел од обраќањето на Бојан Јовановски, познат уште и како Боки 13, на конститутивната седница на невладината организација Меѓународен сојуз Скопје во 2017 година, пратеникот Антонио Милошоски апелира до обвинителката Вилма Рускоска внимателно да процени кој всушност е главен во аферата и случајот „Рекет“.
- Почитувана обвинителке Рускоска, слушнете го внимателно Боки 13 и проценете кој би можел да е главниот во хиерархијата на мега скандалот „Рекет” и мрежата на Меѓународниот сојуз во периодот од мај 2017-2019 година!, порача Милошоски.
31.07.2019 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа