Ослабел 40 килограми само за да може да трча по децата: „Направив нешто неверојатно за 5 месеци“
Џереми Питерсон на 4. август 2017 година сфатил дека животот со три мали деца бара кондиција. Наместо да вработи дадилка или сите обврски да ги препушти на сопругата, тој се фрлил на тешка работа, само поради своите деца.
Имал 127 килограми пред да го промени начинот на исхрана и пред да почне активно да вежба. Главната причина за промената во ритамот на живот биле трите деца на возраст од девет, седум и шест години. Имено, Питерсон забележал дека не може да ужива во секојдневните активности со нив затоа што брзо се заморувал или останувал без воздух.
„Треба да имам убави сеќавања од патувањата и летувањата со децата, но единствено на што се сеќавам се сите наши заеднички акции и дека немав воздух и бев преморен. Си помислив - имаш три деца, направи нешто“,
Тој на 14. август 2017 година свртел нов лист во својот живот и се фрлил на сериозна работа. Го променил начинот на исхрана кој го договорил со својот тренер и понал активно да посетува теретана. Како резултат изгубил 37 килограми и сега мајките го „демнат“ на Инстаграм затоа што изгледа како од насловна страна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа