СДСМ: Трошоците се намалуваат, помали сметки за парно за околу 200 денари

 

Владата предводена од СДСМ, воведувајќи реални реформи од кои граѓаните имаат директни  придобивки ја потврдува вистинската грижа за граѓаните и животната средина, се вели во денешното соопштение до јавноста на СДСМ.
„Откако беше донесена  одлука за намалување на ДДВ за топлинска енергија од 18 на 5 отсто, се овозможи и намалување на вкупните трошоци на потрошувачите на парно за 6 отсто во состемот на БЕГ како најголем снабдувач со топлинска енергија во Скопје.
Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура,  добива пониска сметка за од 150 до 220 денари или на годишно ниво над 2000 денари заштедени пари во секое домаќинство, кое се грее на парно.
На ова намалување му претходеше и укинувањето на паушалот за парно на исклучените граѓани, што воедно претставува намалување на месечните трошоци и враќање на парите кај граѓаните.
Паралелно со ова, Град Скопје ја доби на трајно користење, топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, Градски Енергетски Системи (ГЕС).
Ова претпријатије има за цел преку реални енергетски политики, одговорен пристап кон енергетската ефикасност и рационален пристап во комбинирањето на топлификациската и гасоводната мрежа низ градот да донесе големи придобивки за граѓаните.
Како дел од тие политики се и субвенционирање на потенцијалните нови корисници и вложување во енергетска ефикасност на објектите кои треба се приклучат на топлификациониот систем, намалување на  трошокот за затоплување, односно помали сметки за греење.
Целта на Градот е парното греење да биде достапно за сите, со пониски сметки, да се запре досегашниот бран на исклучување  и нивно повторно враќање  во мрежата, но и привлекување на нови корисници, што позитивно ќе влијае на аерозагадувањето предизвикано од загревање.
Владата предводена од СДСМ останува целосно фокусирана на обезбедување на подобар живот на сите граѓани, повеќе пари во семејните буџети преку намалување на трошоците, како и спроведување на мерките од Планот за чист воздух што имаат за цел надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето“, се вели во соопштението на СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега