Милошоски до Богоев: Ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво
Пратеникот Антонио Милошоски објави заедничка фотографија од градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, како и меморандумот за соработа помеѓу општината и контроверзниот Меѓународен сојуз Скопје.
„Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво! Поздрав, Антонио“, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук.
Претходно општина Карпош и Богоев реагираа дека меморандумот е необврзувачки декларативен документ и дека немало никаква соработка и никаков проект со Меѓународниот сојуз Скопје на Јовановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа