Андов: Со случајот „Рекет“ нанесен е тежок удар на институциите
Институциите треба брзо и ефикасно да ја завршат истрагата, во спротивно довербата од граѓаните ќе биде сериозно нарушена – вели во интервју за Канал5 првиот собраниски спикер од независноста на државата, Стојан Андов. Според него, сомнителен е фактот што Катица Јанева се споменува како директен учесник во случајот, ја истражуваат нејзината поврзаност, но не е повикана да даде исказ во обвинителството.
-Тежок удар на институциите е нанесен. Сега се ќе зависи каква ќе биде разврската. Ако се преземат конкретни мерки, може да се ублажи впечатокот, инаку за граѓаните и кај нашите странски партнери, ова што се случува е надвор од разумот. Никој тоа не го очекуваше. Сега е на испит нашето правосудство, без правосудство нема демократија. Мора совесно и одговорно да ги вршат своите функции.Главната јавна обвинителка од СЈО предизвикува сомневање во својата активност, а притоа е оставена надвор од случајот, тоа директно влијае на поништување на довербата кај граѓаните во системот, рече Андов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа