Герасимовски: Трошоците се намалуваат, од овој месец 53.000 потрошувачи со пониски сметки за парно греење

 

Почнувајќи од 1 август жителите на Скопје ќе имаат намалени трошоци за парно. Тоа значи пониски сметки за вкупно 53.000 потрошувачи, кои се приклучени на централниот систем за греење, кажа на денешната прес-конференција  Горан Герасимовски претседател на ОО СДСМ Центар
„Од овој месец сметките за топлинска енергија за корисниците на БЕГ се намалуваат за 6 проценти. Цената за топлинска енергија на територија на Град Скопје во изминатиот период никогаш не била толку намалена. Ова се пари кои секој месец остануваат во семејниот буџет. Зборот важи. Ги враќаме парите кај граѓаните. Граѓаните на Општина Центар, како дел од Град Скопје, кои во најголем број користат парно греење, добиваат квалитетни услуги за попристапни цени. На овој начин исто така се мотивираат што повеќе домаќинства да се приклучат на централното греење, односно да преминат кон поеколошки начин за загревање на своите домови.  о духот на социјалдемократијата, продолжуваме да работиме за доброто на граѓаните. Го зголемуваме семејниот буџет и придонесуваме за почиста животна средина“, кажа Герасимовски.

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега