Димковски: СДСМ останува фокусирана на потребите и барањата на граѓаните

 

Членот на ЦО на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски придружуван од пратеникот Бетиане Китев други членови на СДСМ учествуваа на маалска средба во населено место Слога, Кавадарци.

Владата предводена од СДСМ успеа да реши долгогодишен проблем на лозарите, за којшто ВМРО-ДПМНЕ не само што не покажа никаков интерес туку целосно ги заборави земјоделците – потсети Димковски.

„Се исплатија околу 1.5 милиони евра наследен долг кон над 2.000 лозари што винарските визби Повардарие и Стефани го имаа кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 2014 година до 2016 година.

Иствремено, беа исплатени субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. 9 милиони евра завршија на околу 15.000 лозари.

Димковски посочи дека за две години во земјоделството успешно се реализираа голем број од најавените мерки со кои парите завршуваат назад кај земјоделците, се олеснува производството и се зголемуваат откупните цени.

Воведовме зелена нафта преку која трошоците на земјоделецот се намалува за 30 отсто а опфаќа околу 55.000 земјоделци меѓу кои лозари, овоштари, одгледувачи на зеленчук и житни култури“, кажа Димковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2019 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега