Цветанова: После објавувањето на снимкава ниту еден дефокус на јавноста веќе не ви поминува
Не стивнуваат реакциите од јавноста по објавувањето на снимката за случајот „Рекет“ објавена во италијанскиот весник „Ла Верита“. Поранешната министерка за култура, професорката Ганка Самоиловска-Цветанова вели дека после ова видео, никаков дефокус нема да помине во јавноста.
„Џабе ви се апсурдни апсења, прес-конференции за блескавоста на Владата и лелеците за фејк њуз. После објавувањето на снимкава ниту еден дефокус на јавноста веќе не ви поминува. Па дури и Грујо да го вратите од Будимпешта“, порача Цветанова.
Џабе ви се апсурдни апсења, прес конференции за блескавоста на @VladaMK и лелеците за #FakeNews. После објавувањето на снимкава ниту еден дефокус на јавноста веќе не ви поминува. Па дури и Грујо да го вратите од Будимпешта. pic.twitter.com/h898JIZmCV
— Ganka Cvetanova (@gankacv) August 8, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа