Алијанса за Албанците: Бараме под итно да се преземат сите мерки да се расчисти случајот „Рекет“

 

По снимката за случајот „Рекет“ која беше објавена во италијанскиот весник „Ла Верита“ се огласија и од Алијансата за Албанците

Оттаму бараат под итно да се преземат сите законски мерки за да се расчисти случајот и да се прошири истрагата.

„Истовремено бараме да се отвораат истраги за сите предмети кој што се во предистражна постапка,како што е предметот „Пациент" и други.

Случајот ,,рекет" е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради ,,рекет" додека видео-матерјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа.

Алијансата за Албанците уште еднаш го повторува барањето за „Обвинител од ЕУ" како решение за излез од ќорсокакот во кој е најден нашиот правосуден систем“, стои во соопштението на Алијансата за Албанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2019 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега