СДСМ: Мицковски е дублер на Груевски - Да одговори за средбите со лицата на снимките

Мицковски да не се крие туку да одговори за средбите со лицата на снимките, сите криминални шеми водат кон белиот дворец. Ова денеска го велат од СДСМ.
- Христијан Мицковски да не се обидува да се крие зад очајни соопштенија туку да излезе пред граѓаните. Дублерот на Груевски, Христијан Хидро Мицкоски нека излезе пред јавноста и нека одговори:
Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?Кога се случиле ваквите разговори?
Во какви зделки е Мицкоски, доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?
Дали и што примил на рака? Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?
Особено имајќи ги предвид линковите со ВМРО-ДПМНЕ.
- Јасно е, сите криминални шеми водат до белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата. Секој што се надевал дека со сценарио и објава на виде снимка ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина се излажал. Ова само ќе ја забрза истрагата и ќе ги даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност, велат СДСМ:
08.08.2019 - 17:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа