ВМРО-ДПМНЕ: Заев за Рекет се води по „нишај ја колата да изгледа дека се движи“
Заев и екипата фатени во рекетарскиот октопод се водат од максимата „нишај ја колата да изгледа дека се движи“, а колата е во дефект и целата гори. Тоа е единственото објаснување на денешниот Фејсбук статус на Зоран Заев. Ова го велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Единствената инфраструктура која што криминалната власт ја има направено е рекетарската инфраструктура во која дебело се вмешани и Заев, но и Катица Јанева, СЈО, министри, пратеници и функционери на СДСМ. Боки Тредичи самиот признава дека со Заев е зборено за рекетирањето и тој нема да прави проблем со тоа, туку напротив на честите средби договарале менаџирање и конструкции. За тоа колку Заев и Боки Тредичи биле блиски говорат заедничките фотографии, соработки и поддршки кои заедно си ги давале, а постојат сериозни индиции дека остварувале и поголем број други неофицијални контакти и средби. Што договарале Заев и Боки Тредичи сигурно нема да дознаеме од Русковска обвинителството, бидејќи тоа обвинителство од петни жили се обидува случајот да го забошоти за да не се дознае за главата на рекетарско-политичко-обвинителскиот октопод, велат од партијата.
Велат сепак ќе дојде време кога Заев ќе даде одговори, но и ќе понесе одговорност.
- Што се однесува до инфраструктурата која е во интерес на граѓаните, нема многу да коментираме, туку ќе посочиме дека Заев се кити само со туѓи перја. За нивната неспособност да направат нешто друго, освен рекет, криминал и корупција, доволно говори реализацијата на капитални инвестиции до месец јуни која изнесува бедни 20,33%, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа