Тетова1: Поранешниот вицепремиер Хазби Лика ќе формира партија
Поранешниот вицепремиер Хазби Лика, кој долго време воопшто не излегува во јавност, ги прави последните подготовки за формирање нов политички субјект.
Информациите до кои стигна порталот Тетова1 велат дека Лика најдоцна во септември ќе формира нов политички субјект.
Во ова ново политичко патешествие, на Хазби Лика се очекува да му се придружат сите членови и поранешни функционери на ДУИ кои се незадоволни од сегашното раководство на партијата на чело со таканаречениот „Кланот од Зајас“.
Незадоволството во ДУИ се зголеми особено по објавувањето на разговорите од страна на Ел Чека, но и по промените во владата каде што беа отпуштени некои директори кои важеа за блиски до Лика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа