Костадинов: Мицкоски да каже дали се гледал со Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија
„На прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ .
„Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски?
Дали Мицкоски во Унгарија и во Словенија се среќавал со уште некој и нека признае зошто?
Граѓаните, целокупната јавност, очекуваат одговори на овие прашања“, посочува Костадинов.
18.08.2019 - 14:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа