ВМРО-ДПМНЕ: Ги доведовте земјоделците до питачки стап

 

Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови. Ова е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ дека се грижат за земјоделците.

- СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап,  немаат ни за леб. Три години земјоделците го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати. Три години нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски.  Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално. Грижата за земјоделците откако дојде СДСМ на власт се виде. Поради сето ова што се случува потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите тогаш ќе започне нова ера во земјоделието, велат ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега