Алтернатива: Селективното право несомнено произведува неправедна држава
Деновиве, кога во јавноста се одвива дебата околу организираниот криминал и корупцијата, после објавување на аферата „Рекет“, Алтернатива е тука да се произнесе дека, независно од нашата моментална политичка позиција, ние остануваме начелно посветени на тоа што сме го изјавувале и за што сме се бореле од првите денови на нашето основање како политички субјект – селективната правда е уривање на државата, велат од Алтернатива.
„Јавноста сигурно се сеќава на нашиот став од времето кога СЈО покренуваше обвиненија за бивши челници на мината влада, обвинувајќи ги едните истовремено штитејќи ги другите, само затоа што заштитените станаа употребливи и прилагодливи за новите околности. Дури, оваа забелешка сме ја поставиле и кога судовите ни наштетија многу и нам како партија, но тоа ни тогаш не беше сфатено сериозно. Но, сега сите се убедени дека селективната правда произведува неправедна држава.
Почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, не си даваме за право да присвоиме улога на судија, но затоа го повикуваме Основното јавно обвинителство за случајот „Рекет“ да има најголема посветеност и, притоа, никој да не биде амнестиран, кој и да бил тој и каква и да е функција да има. Криминалците и рекетарите имаат само еден заеднички идентитет на криминал и рекет.
Воспоставувањето на правна и праведна држава е предуслов за држава која настојува да биде член на ЕУ и ние немаме никаква дилема дека ваквите афери ќе оставаат лошо влијание и во нашата интегративна агенда, за што и ние сме станале дел ова оваа влада.
Тргнувајќи од ова, очекуваме да се изнајде некој во оваа држава кој ќе има државна свест и совест и кој ќе посакува Северна Македонија да не се претвори од успешна приказна, која се одвиваше овие две години, во „септичка јама“, во која ќе цути организираниот криминал и корупцијата.
Притоа го повторуваме нашиот став дека ние го подржуваме Законот за Јавното обвинителство, со што се предвидува и СЈО да стане дел од Основното јавно обвинителство. Стравувајќи од селективниот пристап, ние сме предложиле и остануваме на ставот еден обвинител Албанец/Албанка да раководи со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, стои во соопштението на Алтернатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа