ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците од СДСМ добија само лаги и празни ветувања

 

Земјоделците од СДСМ добија само лаги и празни ветувања, велат од ВМРО- ДПМНЕ во реакција на соопштението од СДСМ.

„СДСМ единствено што направи е што ги доведе земјоделците до питачки стап.

 

Земјоделците не добија подобри услови, нема откуп, нема повисоки откупни цени за земјоделските производи, има само криминал и обиди за изигрување на постоечките закони од страна на власта во име и само во интерес на луѓето блиски до СДСМ.

Но на сето ова ќе дојде крај, ќе дојде крај и на блескањето на Заев и на СДСМ, со распишување предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ кога ќе победи на предвремените парламентарни избори тогаш ќе започне реалната грижа за земјоделците“ се вели во реакцијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега