ВИДЕО: Кучиња им „рипнаа" на полицајците кои дојдоа да ја апсат Јанева
Додека цела македонска јавност и цел регион гледаа како полицијата ја приведува специјалната обвинителка Катица Јанева, се случи и една интересна случка, кога кучиња се стрчаа кон полицајците кои дојдоа да ја апсат специјалната обвинителка.
Кучињата во еден момент почнаа да лаат и да одат кон полицајците, но тие ги избркаа.
За потсетување Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“. Таа се сомничи дека ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободувње од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.
Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари.
Видео: Република
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа