ФОТО: Никол за „смешни“ пари добила целосно нова Инстаграм кујна - на социјалните мрежи сподели како успеала

 

Реновирањето на кујната најверојатно е најскапиот и временски најдолгиот проект за средување на ентериоерот, но може да се направи за 10 пати помалку пари, а крајот да биде феноменален.

45-годишната Никол Руд е чистачка од Шкотска која ја добила својата кујна од соништата за малку пари. Секако, тоа подразбира и малку планирање, но успеала кујната од 5.000 фунти да ја добие за само 500 фунти.

Реновирањето траело 18 месеци, а таа на Фејсбук ги споделила сите трикови за заштеда.

Ovako je izgledala kuhinja

За почеток купила две канти сива боја. Потоа дотрајаните елементи ги заменила со ново дрво кое го набавила во локалната продавница по многу поволни цени.

-Мојата куќа е стара 11 години. Знаев дека немам доволно пари да им препуштам се на мајсторите, па сама ги прегледав сите весници и магазини, собрав идеи и погледнав што можам да направам поевтино и сама. Секако најскапите работи беа подовите и слично, но и тука успеав да најдам поволни цени затоа што не брзав - рекла Никол.

Ovako izgleda nova kuhinja

-Мој совет до сите е веднаш да почнете да купувате евтини ситници и мали изработки. Дури и таквите работи може да направат голема разлика и да ви заштедат пари. Не обрнувајте внимание на брендови, јас секогаш сонував само за еден бренд но на крајот одлучив да им дадам можност и на поевтините апарати и подеднакво се убави и функционални. Дури и некои копии од познат и прескап бренд се одлиќни - рекла таа.

-На крајот и самата се изненадив од резултатот, релетните ги платив 70 фунти, изработките на кујнската површина по 100, плочките околу 80, замена за под 300 фунти. Сега сум целосно заљубена во својата нова кујна, а го споделувам резултатот на Фејсбук за да ги инспирирам другите - порачала Никол.

Ovako izgleda nova kuhinja

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега