ВМРО-ДПМНЕ: Единствен успех на оваа Влада е чочекот за пат направен од нас
Единствено нешто што направи оваа влада е што успеа со ора и чочеци да го пушти патниот правец Демир Капија-Смоквица, кој целосно беше направен од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска откако СДСМ рекао дека наместо барок, градат патишта за граѓаните.
- Сите проекти во областа на инфраструктурата се проeкти на ВМРО-ДПМНЕ кои СДСМ упеа само да ги закочи. Автопатот Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, исто како и експресните патишта Градско-Дреново, Штип-Радовиш, Штип- Кочани и Ранковце - Крива Паланка се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, кои во различна фаза на реализација беа оставени за дореализација. СДСМ наместо да продолжи три години ја развлекуваше нивната изградба. Граѓаните сето ова го увидоa и знаат дека СДСМ не работи ништо. Ниту еден граѓанин во државата не гледа ниту метар од новите 500 километри автопат којшто СДСМ ги вети. Мора да се стави крај на овие лаги и манипулации од страна на СДСМ. Оваа Влада на СДСМ мора веднаш да си замине од власт, велат ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа