ФОТО: Се фалеше со убави жени и луксуз, а сега го чека 17 години затвор - полицијата ја откри неговата тајна лабораторија
Дилер, инфлуенсер и мотивациски говорник од Калифорнија, 22-годишниот Вајат Пасек, бил уапсен поради продавање на таблети и на крајот бил осуден на 17 години затвор.
Пасек ил познат како дилер кој сакал на Инстаграм да се фали со раскошниот начин на живот. Имал многу фотографии од луксузни автомобили, убави девојки, раскошно опремени станови, како и фотографии од луксузни патувања.
Како што се наведува, продавал таблети кои сам ги произведувал во тајна лабораторија, а ги дизајнирал да личат на таблетите против болки Оксиконтин. Меѓутоа, неговиот „производ“ всушност содржел фентанил, синтетички опијат кој од 80 до 100 пати е појак од морфиум.
Полицијата при неговото апсење во лабораторијата нашла 100.000 таблети, шест килограми фентанил, како и пари. Му заплениле 21.000 долари во кеш, часовник со дијаманти, златно ланче со дијаманти, две златни плочки и над илјада долари во криптовалути.
Освен тоа, пишувал и мотивациони цитати на Инстаграм каде го следат повеќе од 11.000 луѓе.
„Се започна како сон. Секогаш верувајте во себе, дури и кога никој друг не верува. Да не верував во себе, веројатно не би имал еден од најголемите дарови на светот: слобода. Слободата од временско ограничување, од тоа да не морам да бидам на едно место и она најважното: финансиска слобода. Животот ќе ви го даде она што ќе го вложите во него. Ако бидете просечни, просекот ќе го добиете назад“, напишал тој во една своја објава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа