Подгответе се за летен викенд и температури околу 30 степени

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб локален ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне до 25 км/ч. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 15°C до 24°C.

Во сабота во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури од 20°C до 29°C.

Во недела во утринските часови ќе има појава на слаб магла, а во текот на денот сончево и топло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 29°C. 

10.10.2013 - 00:20

најчитано сега