СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не сака да се зголемува минималната плата
ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка што е во интерес на граѓаните и носи повеќе пари во семејните буџети, сооптуваат од СДСМ.
Од партијата велат дека преку членот на Извршниот комитет, Трајко Славевски, ВМРО-ДПМНЕ порача дека се против зголемувањето на минималната плата.
„Научени само да грабаат од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против тоа платите да растат.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против да расте минималната и сите плати, затоа што се навикнати парите да завршуваат само во белиот дворец, за да се богатат малкумина.
Од друга страна, СДСМ преку конкретни мерки и политики обезбедува услови за раст на платите во сите сектори. Платите растат и ќе продолжат да растат, наскоро следува ново зголемување на минималната плата“ се вели во соопштение од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа