Трик за највкусно пире - компирите ги варите во вода, а тоа е грешка, готвачите откриваат тајна

 

Пирето од компири е класика меѓу прилозите. За него е потребно да излупите компири, да ги сварите во вода, добро да ги нагмечите, после тоа се додава млеко, путер, сол и бибер. Тоа е основниот рецепт. Меѓутоа, професионалните готвачи тврдат дека со помош на едноставен трик пирето може да добие уште подобрра арома.

Имено, компирот е како мал сунѓер - впива течност во која се готви. Но, водата не дава никаква арома на пирето, поради што најдобро е варениот компир да се свари во малку посолено млеко. Така компирот ќе преземе дел од аромата и подоцна ќе биде кремаст.

Освен тоа, при варењето додадете малку густин во млекото. Ако подоцна ви е потребно уште малку течност за пирето, нема да морате да додавате ладно млеко од фрижидер, туку мешавината во која се вареле компирите.

За уште поинтензивен вкус можете да сварите компир во павлака за готвење и да го зачините со малку лук и свежи зачини, како рузмарин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега