ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов нема направено ништо за подобрување на квалитетот на воздухот

 

Вистината е дека Крадоначалникот Петре Шилегов е човекот кој веќе никој сериозно не го сфаќа. Шилегов лажеше пред две години кога ветуваше експресно чист воздух, лаже и сега, велат од ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение.

„Шилегов не кажа ниту збор за кратењето на парите од Владата наменети за загадување.

Петре Шилегов две години е крадоначалник, а нема направено ништо за животната средина и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Лани во зимскиот период воздухот во Скопје беше помеѓу најзагадените во светот. Повторно исто ќе биде и оваа година затоа што Шилегов не презема ништо.

Шилегов и Макрадули треба да сфатат дека им преостана уште малку време за да направат нешто за граѓаните.

Шилегов наместо да посетува улица на кои се врши редовна реконструкција да ги засука ракавите и да сработи нешто.

Скопјани не треба да ги трпат последиците од неодговорноста и неспособноста на Шилегов.

Реакција на изјавата на Петре Шилегов и Јани Макрадули“ се велчи во соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега