ВМРО-ДПМНЕ: Без Заев милионскиот Рекет не би бил можен
Истрагата во случајот Рекет е фарса, која има за цел да го одвлече вниманието на јавноста од Зоран Заев и врвот на власта, без кој милионскиот рекет и воопшто не би бил можен. Ова го велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Случајот е пријавен уште во април, по што требаше да се случи медиумски притисок за власта да се реши да жртвува две пипки од октопот, Боки 13 и Зоки Кичеец, само со цел заштита на Јанева и Заев. На Јанева смислено и беше оставен 1 месец откако беа уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец, за истата да има доволно време да сокрива докази и да влијае врз сведоци и истрагата, како би се уништиле трагите кои водат кон неа к кон главата на октоподот - Зоран Заев. После месец дена откако Јанева е во притвор, истрагатa тапка во место. Нови приведени нема. Има само најави од владата за формирање тим и наводна акција на УЈП со задоцнување од три месеци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат? Дали се работи за тоа каде завршувале парите и за што тие биле трошени!? Дали се крие дека можеби парите завршиле на Илинденска и со нив е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?
- ЈО со ваквиот начин на работа само дополнително се компромитира. Граѓаните очекуваат ефективна и ефикасна истрага. Импровизации на сметка на правната држава не смее да има. Никој, па ни Заев не смее да биде поштеден. За нормално функционирање на државата потребен е пад на оваа власт. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, велат од опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа