Доколку ги видите овие инсекти дома - бидете внимателни
Досадните зелени смрдливки не само што влегуваат во домовите во текот на ладните есенски денови, туку и се хранат со голем број цвеќиња и билки, особено со зеленчук.
Тоа се растителни паразити, се хранат со растителни сокови од овошје, зеленчук, цвеќе, градинарско и украсно цвеќе, па поради тоа одгледувачите ги сметаат за штетници.
Сигурно сте забележале во последно време и оваа година дека ги има многу повеќе од обично. Овие штетници влегуваат во домовите и канцелариите и притоа шират непријатен мирис.
Иако луѓето сешто тврдат, смрдливката не може да ве укаса – бидејќи нема заби. Но истото не важи и за домашните миленици.За вашите миленици тие може да бидат опасни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа