„Ми олесна кога татко ми се самоуби“ - морбидна исповед на српската пејачка

 

Српската пејачка Дуња Илиќ признава дека ѝ олеснало откако нејзиниот татко, 63-годишниот Јован Илиќ извршил самоубиство така што испил цела рака таблети за спиење.

Пејачката рекла дека нејзиниот татко бил психички нестабилен и дека во последните 10 години ја мачел, како и дека сега ѝ е полесно.

„Избегнував да се гледам со него затоа што не сакав да гледам како пропаѓа. Тој пропадна и ментално и физички. Знам колку се мачеше. Сега ќе одмори. Чувствувам дека сега се ослободи од маката. И јас се чувствувам ослободено после се. Единствена работа поради која се обвинувам е што некогаш бев прегруба во намерите да го распаметам. Го критикував што себеси си дозволуваше некои работи, но бев и прилично остра. Само сакав да го мотивирам“, признала пејачката, која вели дека нејзиниот татко се самоубил поради нејзиното прикажување во живо на Инстаграм кога признала дека испила таблети за спиење. Таа истакнала дека никогаш не била сексуално злоставувана од татко ѝ, туку дека тој и мајка ѝ ја малтретирале од 5. година од животот.

„Реков дека неговата тогашна девојка забележа дека мојот татко се обидува да ја направи љубоморна така што ме прегрнуваше мене. Имав 13 години тогаш. Таа за таа сцена рече дека изгледаме како „инцест болештина“. Вистина е дека од петтата година од животот сум психички малтретирана. Мојата мајка е како Хитлер. Поради тоа кај мене се јави сомнение дека тие ми се биолошки родители затоа што не е возможно некој така да се однесува кон роденото дете. Јас немам ниту една фотографија од детството после 5. година. Покренав тема за утврдување на потеклото со ДНК анализа пред 4 месеци, но тоа е неважно. Не ме интересира ништо во врска со тоа“, рекла Дуња за белградските медиуми, а потоа признала дека нема да оди на погребот на татко ѝ затоа што смета дека не е потребно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега