Трагедија во тимот на Новак Ѓоковиќ

 

Новак Ѓоковиќ го игра полуфиналниот меч во Токио, но Горан Иванишевиќ не е во неговиот тим бидејќи морал итно да се врати во Хрватска поради ненадејната смрт на неговата сестра…

На тимот на Новак Ѓоковиќ во Токио му се случила голема трагедија. Сестрата на Горан Иванишевиќ, Срѓан, починала во Загреб на 53-годишна возраст.
Срѓана Иванишевиќ долги години се борела со леукемијата. Третманот бил олеснет со тоа што нејзиниот брат бил успешен тенисер и семејството можело да го финансира третманот. Починала по операцијата во болницата во Загреб.

Порталот 24sata го пренесува сеќавањето на Иванишевиќ на јуниорското време, кога дознал дека неговата пет години постара сестра има леукемија.
„Пред да заминам, татко ми ми рече: ‘Гледај, имам лоши вести, сестра ти е болна, треба да и се посветиме неа, сега си сами’. Третманите за овој вид на болести, од кои многу луѓе умираат, беа многу скапи и јас не спиев таа ноќ. Сепак, отидов во Австралија и изгубив во финалето на квалификациите на Аделаид. Сепак, упаднав во главната ждрепка за Австралија опен и станав првиот играч кој стигна до четвртфиналето од квалификациите. Сите парични награди што ги заработив ги земав во готово, а дотогаш ги гледав само на телевизија. И тогаш, се сеќавам, отпатував на натпреварот на Дејвис купот против Данска во Белград, и ги носев сите пари со себе во јакна. Придружник на летот ме праша 16 пати дали сакам да ја соблечам јакната, и јас одбивав секој пат и велев: ‘Не, добро сум’, рекол Горан Иванишевиќ  своевремено.

Срѓана за време на бременоста дознала дека има леукемија. Со години, семејството Иванишевиќ се борело заедно со Срѓана, но на крајот таа не издржала.
Таа во четвртокот наутро имала операција а починала вечерта.

За време на неговата кариера, Срѓана била една од главните мотивации за Горан, кој, меѓу другото, рекол дека играл за својата сестра во осумдесеттите, за Хрватска во 90-тите години и дека немал за кого да игра подоцна.
Според локалните медиуми, Иванишевиќ не се чувствувал добро кога ја дознал оваа тажна вест и не можел да верува во тоа што го слушнал, но со првиот авион се вратил во Хрватска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2019 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега