Денеска ја славиме Света Ефросинија - народни верувања поврзани со овој празник
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 септември.
Денеска е Преподобна Ефросинија.
Црквата ги нарекува преподобни оние кои станаа толку слични на Христос пред се со нивната смиреност и љубов, што е тешко да се разликува нивната смиреност од врвната смиреност што ја покажа Христос во Евангелието. Во црковнословенскиот јазик претставката пре- одговара на нашата нај-, а подобна значи слична. Таква најслична на Христос, беше и оваа Ефросинија, родум од Александрија. Уште додека беше млада, го засака девствениот живот, се преоблече во машко одело и се пријави на игуменот на еден манастир, под името Измарагд. После 38 години подвижнички живот, таа му се претстави на Господа и дури тогаш се откри дека одличниот Измарагд е, всушност, оваа блажена Ефросинија.
Според народните верувања на денешен ден треба да се исчисти домот и да се зашие скинатата облека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа