Некогаш фудбалер на Јувентус, денес е келнер: Ги потрошив парите на бавни коњи и брзи жени

 

На денешен ден во 1973 година е роден некогашниот уругвајски репрезентативец Фабијан О’Нил. Тој фудбалската кариера ја започнал во Насионал од Монтевидео, а потоа од 1996 до 2000 година игра за Каљари, а од таму прави трансфер во Јувентус. После две години потпишува за Перуџа, па се вратил во Каљари кој тогаш бил во Серија Д.

Кариерата ја завршува во Насионал во 2003 година, а потоа се пензионира.

„Додека бев играч на Каљари го наместив мечот со Киево. И на едните и на другите им одговараше реми во борбата за опстанок. Од челниците на своите клубови добивме и награда за опстанок во лигата. Договорив реми со капитенот на Киево, како и со своите соиграчи. Па дури отидовме во обложувалница да вложиме пари на нерешен резултат. Во 87. минута поведовме со 2:1 преку Диего Лопез. Ми се приближив и му реков: Веднаш да си го исправил ова, биди виновник за примен гол или ќе не ’уништат’. До крајот на мечот примивме гол“, изјави Уругваецот кој додаде дека наместил уште еден меч додека играл за Перуџа.

„Бев капитен на Перуџа. Договорив резултат и повторно со соиграчите се обложивме. Се помина како што се договоривме. Кога потпишав за Јувентус се претворив во најлош играч затоа што околу мене сите веа феномени како на пример Зидан. Само поради него сега навивам за Реал“, вели О’Нил.

„Се што заработив потрошив. Ништо немам. Потрошив околу 14 милиони долари. Кој е виновен? Виновни се бавните коњи и брзите жени. Сиромашен сум но среќен. Важно е што со фамилијата имаме да јадеме. Најдов нови пријатели, вистински пријатели, а не лажни кои беа покрај мене додека бев богат“, раскажува Уругваецот.

„Се е моја вина. Жените се заљубуваа во моето пијано издание, а потоа пробуваа да ме променат. Никој не можеше да ме промени. Дури ми нудеа помош од психолог. Од мене се побогати и моите поранешни сопруги. Сега работам како келнер, но среќен сум“, вели О’Нил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега