ФОТО: Пред 11 години момчето ја силувало и истурило киселина врз лицето - денес е нова личност
На британската водителка и манекенка Кејти Пајпер во 2008 година животот ѝ се променил од корен. До тогаш имала се што една млада девојка можела да посака - слава, убавина, добра кариера, пари. Но, истата година се соочила со траума после која повеќе ништо не било исто.
Оваа 35-годишна девојка во 2008 година била жртва на своето тогашно момче Данијел Линч кој организирал напад врз неа - изнајмил професионалец кој ѝ истурил киселина на лице.
Поради овој монструозен чин ослепела на едното око, а кожата на лицето целосно ѝ била уништена. Една година после инцидентот, таа се криела од јавноста, обидувајчи се повторно да застане на нозе и да ги излечи траумите и раните, како физичките, така и спихичките. После тоа одлучила да не се крие и да проговори за се, за да им помогне на жените кои исто така биле жртви на некој вид насилство.
Кејти во моментот кога била нападната била на почетокот на манекенската и водителска кариера. Освоила титула за мис Винчестер и имала големи планови, кога го запознала Данијел со кој набрзо запловила во љубовна врска.
После две недели тој ја силувал и ја злоставувал цели осум чака, после што испратил познаник да ѝ истури киселина врз лицето. Набрзо бил уапсен и осуден на доживотен затвор.
Денес Кејти успеала делумно да го реконструира своето лице благодарени на бројните естетски зафати. Напишала три книги за своето искуство, друштвено е многу активна, на Инстаграм ја следат скоро милион луѓе и дел е од британскиот шоубизнис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа