ВМРО- ДПМНЕ: Со погрешните економски политики на СДСМ се доведува до пропаст економијата во земјата
Од партијата реагираат на соопштениението на СДСМ и велат дека поради Заев и министерката Ангеловска, Република Македонија вчера беше задолжена за нови 53.6 милиони евра.
„Капиталните инвестиции во државата се на најсниско ниво од само 28.16% што е најниско ниво во историјата на Република Македонија.
Нема просечна плата од 500 евра која ја ветуваа СДСМ додека беа во опозиција.
Поради апогешните економски политики на СДСМ се доведува до пропаст економијата во земјат.Затоа потребна е обнова на Македонија и домаќинско работење со државната каса од луѓе со искуство и визија.
Сето ова ќе се случи откако СДСМ ќе падне од власт“ стои во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа