Цеца следната година ќе стане баба - младенците се пресреќни, откриено како ќе се вика бебето ако е момче

 

Наследникот на најголемата балканска ѕвезда, Вељко Ражнатовиќ и неговата вереница Богдана Родиќ во вторникот дознале дека за седум месеци ќе станат родители.

Светлана Цеца Ражнатовиќ следната година ќе стане баба. Синот на пејачката и снаата, радосната вест ја соопштиле уште првите два дена.

Како што пишуваат српските медиуми, Цеца се воодушевила дека ќе добие внуче, а ако биде маѓко, најверојатно ќе се вика Жаљко, по таткото на Вељко.

Во семејството Ражнатовиќ се почитува традицијата, па ако биде момче ќе се вика Жељко, велат извори за српските медиуми.

-Пресреќна сум. Ова е многу убава вест за моето семејство. Не верував кога Вељко ми соопшти, а потоа ми се измешаа емоциите. Не умеам да го опишам чувството, се уште сум под еуфорија. Снаата ќе ја пазам и мазам уште повеќе за новиот член да стигне во веселба и радост - напишала Цеца на Инстаграм.

-Останав без зборови кога ултразвукот потврди дека мојата Вереница Богдана е бремена. Сонував за овој ден, не ја тргам насмевката од лицето иако одам на село во Житораѓе за да работам. Многу убави работи доживеав на 22 години, но ова е најубавата досега. Откако ја дознавме убавата вест, Богдана и јас сјаеме од среќа. Едвај чекам да ни се насмевне бебето - рекол Вељко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега