СДСМ: Нема да дозволиме Мицкоски дa ја врати државата во режим

 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои работат против преговори со ЕУ, но нема да ја вратат државата назад во изолација и режим. Ова го велат денеска од СДСМ.

  - ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои се против ЕУ и НАТО, против сигурна и стабилна иднина на државата. ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски не само што навиваат државата да не започне прегвори со ЕУ, туку и работат против напредокот, против реформите. Целиот демократски свет го признава правиот пат на кој е државата, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана и се обидуваат да ја вратат државата назад во режим, изолација и неизвесност, велат СДСМ.

 

 Додаваат дека колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ниту еден нивен обид нема да ја загрози иднината во ЕУ и НАТО. Северна Македонија е на прав пат, се остваруваат децениските стратешки интереси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега