"Ова не ти требаше нема добро да поминеш!" - новиот хит на Северина ги налути Муслиманите

 

Муслиманите и се налутија на Северина. Причина за тоа е нејзината најнова песна Хурем во која стихот "Као Хурем робиња не љуби ко дама, на колена ти падам без срама, кревет за двоје а спавам сама ко да постим сред Рамазана", дефинитивно ги налути Муслиманите.

- „Ова не ти требаше, не си смеела да го споменеш нашиот свет месец Рамазан во твојата песна, „Севе ја заврши кариерата", „Севе падна во моите очи ова е ужас, ако пееш во Сараево нема добро да поминеш", се само дел од заканите кои се напишани под спотот за песната објавен на Јутјуб.

Вчера спотот на Северина бил избришан, па повторно вратен, со што се отстранети негативните коментари.

Ова е песната која ги налути Муслиманите...

13.10.2013 - 10:27

најчитано сега