Влегол преку прозорец и украл компјутери од УЈП во Струга

 

На улицата „Боро Калајџиески“, во просториите на УЈП и УИПР лоцирани во барака 1 и 2 во Струга, изминатите неколку денови,  засега непознат сторител извршил тешка кражба. Одземени се ЛЦД монитор и две куќишта од компјутер, со што е направена материјална штета од околу 18.000 денари.

Сторителот со погоден предмет го скршил стаклото од прозорот на бараката, влегол внатре и од канцелариите ги одзел предметите по што избегал од местото на настанот.

Полицијата трага по сторителот.

13.10.2013 - 11:53
Фото: 
Денешен

најчитано сега