Димовски до Димитров: Вие ги ставивте националните интереси на маса, а ништо не добивте
Штетата од спомениците во „Скопје 2014“ е помала од таа што ја прават високи функционери на власта говорејќи на средби со европски лидери дека најголемата опозициска партија е против членството на Македонија во ЕУ, рече пратеникот Илија Димовски на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика на која претхоно реферираше министерот Никола Димитров.
Тој истакна дека ваквата негативна кампања на власта, не само што е спротивно на вистината зошто никој не може да ѝ ги оспори заслугите на поранешната влада во приближувањето на земјата кон европското семејство, туку и оди на штета на државата затоа што македонските граѓани се уште во многу висок процент се за пристапување на земјата кон ЕУ.
Димовски му реплицираше на министерот за надворешни работи Никола Димитров и во тезата што деновиве и премиерот Зоран Заев во интервју за грчки „ Еуроњуз“ ја искажа, а се однесува на спроведувањето на одредби од Преспанскиот договор, а кои се однесуваат на внатрешната употреба на новото име на државата.
Димовски повика власта да не го лаже народот со такви тези, а тоа го побара и од министерот Димитров кој вчера, но и во своето денешно излагање пред пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика повтори дека не ќе може целосно да се имплементира Преспанскиот договор поради француската блокада на датамот за преговори со ЕУ.
– Гледам и вие, а претходно и премиерот зборува дека не ќе може да се импелементира Преспанскиот договор. Тоа не е точно. Договорот со Грција не само што е имплементиран, туку е и „надиплементиран“ – рече Димовски кој му забележа на Димитров што ниту тој како шеф на македонската дипломатија, нити било кој функционер од власта не им кажал на граѓаните чесно и совреме дека нема да добиеме датум кога било сосема јасно дека ќе се случи тоа, а пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, изрази уверување дека тоа го знаел и Димитров, а и другите високи функционери на власта.
– Ќе беше почесно отворено да кажете пред граѓаните дека нема да добиеме датум, тоа беше очигледно и по претходните изјави на европските дипломати, а и по третманот што го доби вицпереммиерот Бујар Османи на средбите со претставниците на земјите членки на ЕУ – додаде Димовски.
Тој потсети на пораките што ѝ ги праќале европските дипломати на власта многу порано пред конечната одлука за недоделувањето на датумот дека „нема место во ЕУ за земја во која владеат само 10 фамилии“.
– Вие на маса ги ставивте националните интереси, а не добивте ништо. Одговорот како Влада од ваша страна требаше да биде прифаќање на одговорноста, а не барање на виновници. Велите дека Преспанскиот договор ни дава шанса да не го имплементираме новото име во области каде што не сме отвориле поглавја, на пример во образованието – но таму се направени промени, ги сменивте свидетелствата – му рече Димовски на Димитров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа