Ахмети по средбата со Палмер: САД со поддршка за почеток на преговорите со ЕУ
Помошник државниот секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, попладнево се сретна со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
„Добивме силна гаранција од господинот Палмер, дека САД ќе помогнат во димпломатските кругови, но и во европските центри дека Северна Македонија го заслужува започнување на преговорите со ЕУ и ги завршила своите задачи кон ЕУ и добивање на датум за преговори е целосно заслужен“ рече Ахмети после средбата.
30.10.2019 - 21:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа