Мицкоски: Заев од почетокот на својата кариера до денес има проблеми со законот, тој не може да донесе правда
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју на телевизија Шења изјави дека не може претседател на влада да раководи со тело кое што треба да спроведе реформи, бидејќи мора да се ослободи судството и правосудството од прангите на политиката.
– Не може човек кој што континуирано во неговата политичка кариера е под сомнеж за сторен криминал, од почеток за глобал па се до ден денеска и за многу други работи за поткуп и слично да биде реформатор, -посочи Мицкоски.
Понатаму Мицкоски додаде дека за сето тоа може само човек и политичар кој што никогаш немал проблеми со органите на прогонот и со законот.
-Не може човек кој што прави компромиси со законите и со правото на сметка на политика, не може. Еднаш ако го прекршите тоа вие засекогаш ќе предизвикате пракса и понатаму секој ќе е повикува на таа пракса,- нагласи Мицкоски.
Она што ние го бараме да видиме како ќе добиеме најдобар начин гласот на граѓаните да биде заштитен и валоризиран. Тоа е суштината кога имате демократија да видете, да најдете како на оптимален начин ќе имате функционален систем каде што граѓанинот одлучил да го даде својот глас ќе биде валоризиран од страна на политичарите и затоа ние дадовме предлог добро нека бидат 120 изборни единици по принципот на врвните демократии како што е британската, кој има најмногу гласови во првиот круг во една изборна единица тој да стане пратеник, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претседателот Мицкоски потенцираше дека тој е убеден во победа на предвремените парламентарни избори кои што се закажани за 12 април идната година бидејќи тоа говорат и анкетите. Имајќи во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ влегува како фаворит а тоа го говорат и анкетите и нашите интерни но и оние кои што беа објавени во јавноста дека победата ќе биде најмалку 100.000 гласови во однос на СДСМ, рече Мицкоски.
Мицкоски изјави дека во вчерашна емисија ја слушал Вилма Русковска како не ја говори вистината.
-Се става целосно во функција на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Сега еве вие сте ВМРО-ДПМНЕ и преговарате и сега свесни сте дека тоа што го гледате и тоа што го слушате дека не ја говори вистината како можете да поддржете една такво решение кога знаете дека не ја говори вистината. Вчера тоа што го кажа како ме видела на прес конференција како мавтам со документи па ми се јавила па да ме повика па дека она била свесна дека практично јас нема да соработувам, не е тоа вистината, посочи Мицкоски.
Тој изјави дека колку што се сеќава на 25 или на 26 јули Вилма Русковска му пратила порака каде што му напишала дека сака да се слушне со него доколку е во можност.
– Потоа јас се јавив повелете сакав да се видиме, повелете јас сум во штабот на работни состаноци, не вика сега да не доаѓам таму на друго место, деновиве да се видиме. Во ред мене деновиве ми е набиена агендата што е темата дали би можеле да посведочите за тоа што Катица Јанева ви ветувала. Се сеќавате на таа моја изјава каде што Катица Јанева практично мене ме уценуваше кога велеше дека поддржете го законот за специјалното јавно обвинителство во собрание, ќе ви го одмрзнам имотот, додаде Мицкоски.
Мицковски понатаму појасни дека се договориле по завршување на годишните одмори да се слушнат и да се договорат да се видат.
– Дојде 15 август јас се вратив од годишните одмори и и пратив порака јас сум во Скопје и и стојам на располагање. Не во ред ќе те побарам, еве денес сме 30 Октомври ниту ме побарала нити има обид за такво нешто. А онаа прес конференција која што ја спомнува обвинителката практично беше на 11 Септември, тоа е еден месец откако завршиле годишните одмори, не ја говори вистина кога вели дека ме видела на прес конференција па ме побарала. Не е вистина и за тоа имам и приватни докази и тоа можам да го потврдам, навистина се чувствувам непријатно, просто човек повеќе да не разговара со никого од редовите на СДСМ или љубителите на ликот и делото на Зоран Заев. Ги прераскажуваат разговорите но ги прераскажуваат погрешно не ги прераскажуваат точно, нагласи Мицкоски.
За Законот пак за ЈО, Мицкоски рече дека нема желба кај СДСМ да се најде решение, затоа што во минатото црвената линија беше Катица, Јанева, видовме Катица Јанева со рацете во медот и со Луј Витон куферот. Е сега следна црвена линија е Вилма Русковкска која вчера ја слушавме на еден медиум, како не ја говори вистината и се става целосно во функција на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Мицкоски вели дека Русковска летото го контактирала да се слушнат при што тој ја повикал. На тој повик Мицкоски вели дека Русковска побарала средба, да разговараат за уцените на Катица Јанева упатени до него, но бидејќи не можеле да договорат средба тој период се согласиле средбата да се одржи после годишните одмори.
– Се договоривме по годишните одмори да се слушнеме и да се договориме да сер видиме. Дојде 15 август, јас се вратив од годишниот одмор, и пратив порака дека сум во Скопје, во ред ќе ве побарам. Тогаш беше 15 август, сега сме 30 октомври, ниту ме побарала ниту имало такво нешто. А онаа прес конференција која што ја споменува Рускосвка е на е на 11 септември, тоа е еден емсец откако завршиле годишните одмори, а месец ипол откако сме оствариле контакт. Така да не ја говори вистината кога вели дека ме виела на прес конференција па ме побарала и за тоа имам докази, потенцираше Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа