Ќерката на Раде Шербеџија итно оперирана - повторно ја доживеала истата несреќа
Хрватската актерка, 46-годишната Лузија Шербеџија, ќерката на Раде Шербеџија која беше во брак со актерот Филип Гајиќ, во средата била итно оперирана затоа што го скршила колкот. Поради долгото закрепнување таа ја откажала премиерата на новата театарска претстава.
„Требаше да глуми во три претстави во нашиот театар, но ќе ги откажеме“, рекле од загрепскиот театар.
На Луција не ѝ е првпат да го скрши колкот, ваква незгода имала и во 2014 година среде лето, за време на трчање додека била на годишен одмор.
31.10.2019 - 23:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа