ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е виновна за даночната евазија
Зоран Заев е најголемиот измамник во историјата на македонската политика. Зоран Заев три години ја упропастува и ограбува државата. Цели три години ги помина со лаги дека блескаме и дека економијата оди напред, а сега гледаме како неговата министерка признава дека сме пред колапс. Сега гледаме дека Заев преку министерката Ангеловска ја признава измамата со воведување на прогресивен данок, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерката за финансии, Нина Ангеловска.
„Потребно е целосно укинување на прогресивниот данок и враќање на рамниот данок, а не негово времено запирање.
Граѓаните и бизнисите трпат штети поради аматеризмот на власта. Трпи и државата која има 50% помала наплата на данок на добивка како што призна денеска Нина Ангеловска.
Зоран Заев денеска ја пушти Нина Ангеловска место него да признае дека воведувањето на прогресивниот данок е целосно промашување. Власта денеска призна дека доживеа економски дебакл.
Македонија три години стагнираше поради експериментите на власта.
Зоран Заев преку Нина Ангеловска денеска призна дека ефектот од прогресивниот данок е негативен.
Заев со своите лоши политики предизвика селење на фирми и капитал од Македонија во земјите во соседството. Граѓаните никогаш нема да дознаат колку фирми заминале од државата, а колку одлучиле воопшто и да не инвестираат поради лошата даночна политика.
Зоран Заев и СДСМ се директно виновни и за даночната евазија за која што предупредивме дека ќе се случи уште при воведувањето на прогресивниот данок.
Заев и СДСМ се директно виновни и за сите млади кои се иселија од државата како резултата на прогресивниот данок, особено младите во делот на ИТ индустријата.
Аматеризмот при водењето на државата која денес ја демонстрираше СДСМ е доказ дека треба што побрзо да си заминат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа