Според НАТО бриселскиот договор е клучен за регионот
На парламентарното собрание на НАТО ,кое се одржува во Дубровник беа поздравени преговорите помеѓу Белград и Приштина, а беа повикани на обострано, искрено и целосно спроведување на договорот за нормализација на односите, кој беше потпишан во Брисел во април оваа година.
Според НАТО спроведувањето на овој договор е е „клучно за стабилноста на целиот регион“, што, и тој е „главен услов за приближување на Србија кон ЕУ, што е една од стратешките цели на актуелната Влада во Белград.
„Вратата на НАТО е отворена за земјите од Западен Балкан кои сакаат да влезат во Алијансата и кои се подготвени да спроведат неопходни реформи“, порачаа од Дубровник претставници на сојузничките и партнерските земји.
Парламентарното собрание повикува на продолжување на политиката на отворени врати, како „темел за остварување на стабилноста, слободата и мирот на цела Европа“.