Камион излета од патот Црешево-Раштак - едно лице го загуби животот

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во страотна сообраќајна несреќа која синоќа се случила на патот Црешево-Раштак.

Како што пренесува Курир, до несреќата дошло кога од засега неутврдени причини камион изгубил контрола и излетал од патот, при што за жал, совозачот од камионот починал на местото на настанот, додека возачот е тешко повреден и поради сериозноста на повредите пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.

14.10.2013 - 10:47

најчитано сега