Црковно-народен собор во црквата „Покров на Света Богородица“

По повод денешниот православен верски празник Покров на Света Богородица во истоимениот манастирски комплекс на Еленец се одржува голем Црковно-народен собор чиј што организатор е локалната самоуправа.

Во манастирската црква „Покров на Света Богородица“ утрово свештениците од архиерејското намесништво на Брегалничката епархија на МПЦ отслужија литургија. Соборот продолжува со фолклорна смотра, а завршува со трпеза на љубовта-заеднички ручек на кој за сите учесници на соборот се дели бесплатна манастирска манџа.

14.10.2013 - 11:48
Фото: 
википедија.мк

најчитано сега