Општина Центар со демант: ВМРО-ДПМНЕ постојано изнесува неаргументирани критики во јавноста

 

ВМРО-ДПМНЕ постојано изнесува неаргументирани критики во јавноста со цел да ги покрие успешните политики на власта во Општина Центар. Имаа 10 години власт и освен пустош и криминални проекти не оставија друго зад себе. Со тоа, нивниот легитимитет одамна е избришан, велат од Општина Центар преку соопштение и ја демантираат  денешната прес-конференцијата на Антоанета Трајковска.

„Во нашите градежни зафати нема стиропор и нема лажна историја преку барокни изданија. Нашите проекти се од суштинско значење за граѓаните на Општина Центар и нивното функционирање во секојдневието.

Наместо како ВМРО-ДПМНЕ, да ги „переме“ парите преку лажен патриотизам со споменици, ние одлучно инвестираме во инфраструктурата.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата од каде доаѓа госпоѓата Трајковска, центарци ја паметат по гаснењето на лифтови, носење на гласачи од Пустец, кршење на општината, катните гаражи и урбаното дивеење, како и „белиот дворец“ во кој седи дублерот на бегалецот Никола Груевски.

Почитувани сограѓани,

Очигледна е нервозата која владее во ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од црното минато кое го остави општинската администрација на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, Општина Центар, чекор по чекор го креира духот на градот.

Во изминатите две години реконструирани, изградени и поставени се 21.396,52 м2 или вкупно 23 улици на територија на Општина Центар. Субвенционирани се 26 згради со нови кровови и лифтови.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние вложуваме во образованието, основните училишта и градинките. За само две години, доградено е ООУ „Гоце Делчев“ и поставена е комплетна нова енергетски ефикасна фасада. Во ООУ „Димитар Миладинов“ исто така, поставена е нова фасада. Исчистени се 23 депонии и изграден е нов парк во Ибни Пајко во површина од 10.000 м2.

После 50 години е изградено ново училиште од темел од сопствени средства, основното училиште „Киро Глигоров“, кое е изградено по сите современи светски стандарди.

Ова се само дел од проектите кои се реализирани во досегашниот мандат и се видливи за граѓаните на општината.

Се додека од ВМРО-ДПМНЕ јавно не се извинат за делата кои ги направи бегалецот Никола Груевски, не треба да се бламираат со вакви излишни прес-конференции“ се наведува во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2019 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега